Апликацијата Советник за надградба на Windows 10 Mobile ви помага да дознаете дали телефонот со Windows Phone 8.1 е соодветен за инсталирање на надградбата на Windows 10 Mobile. Може и да ви помогне да ослободите простор на телефонот за да сте подготвени за инсталирањето на надградбата. Кога ќе ја отворите апликацијата, таа го проверува телефонот и ве известува ако е соодветен за инсталирање на надградбата, ако е потребно ажурирање пред да се направи тоа или ако телефонот не може да се надгради.
Доколку телефонот е соодветен за инсталирање на надградбата, можеби ќе треба да ослободите простор за да ја преземете. Апликацијата ќе препорача датотеки, како видеа или фотографии, што м��же привремено да ги преместите во OneDrive или на СД-картичка ако е инсталирана. Прифатете ги препораките или изменете ги датотеките што сакате да ги преместите. Може дури и да избришете неколку датотеки ако сакате. Доколку преместите датотеки во OneDrive, треба да ја користите оваа апликација за да ги обновите во телефонот откако ќе се инсталира Windows 10 Mobile.