ГПРО е класична долгорочна тркачка стратешка игра каде што вашите вештини за планирање, управување со пари и собирање податоци се ставени на тест. Целта на играта е да се стигне до врвот - Елите групата и да се освои светското првенство. Но, за да го направите тоа, ќе треба да напредувате низ нивоата, соочувајќи се со многу подеми и падови. Ќе управувате со возач и болид и ќе бидете задолжени за подготовка на поставките и стратегијата за трката, слично како што прават Кристијан Хорнер или Тото Волф во Формула 1. Ваша работа ќе биде да му го дадете на вашиот возач најдобриот болид. додека работите со вашиот персонал, но ќе мора и мудро да ги трошите парите. Соберете податоци за телеметрија од трките на кој учествувате за да ја подобрите и да имате предност пред вашите ривали следниот пат кога ќе посетите одредена патека.
Исто така можете да се здружите со вашите пријатели за да формирате сојуз и да се натпреварувате во тимскиот шампионат, додека заедно работите на подобрување на вашето разбирање за играта.
Секоја сезона во играта трае приближно два месеци, а трките се симулираат во живо два пати неделно (вторник и петок од 20:00 часот по средноевропско време). Иако играта не бара од вас да бидете онлајн за време на трките за да учествувате, гледањето како тие се одвиваат во живо и разговорот со колегите менаџери ја зголемува забавата. Во случај да пропуштите трка во живо, можете да ја гледате репризата на трката во секое време.
Ако сте голем љубител на Ф1 и мотоспортот и сакате менаџерски и мултиплеер игри, тогаш придружете се сега бесплатно и бидете дел од фантастична игра и одлична и пријателска заедница за моторспорт!