HERE Maps веќе не е достапен на уредите што извршуваат Windows 10 Mobile. Доколку надградите на Windows 10 Mobile, нема да може да користите HERE Maps. Користете ја апликацијата Windows мапи на уредот за мапи, патеки и навигација.
Без разлика како ќе патувате, HERE Maps ви го покажува најпаметниот пат низ градот со брзи, локални мапи во повеќе од 135 држави, така што може да се снајдете и без поврзување со податоци. Со новите колекции, сега може да ги групирате, зачувувате и синхронизирате вашите омилени со here.com. А со LiveSight, HERE Maps ѝ ја дава моќта на видот на мапата. Подигнете го телефонот за да ги видите лебдечките етикети на местата во близина преку вашиот екран.
Главни функции:
-Пешачка навигација, чекор по чекор што работи локално во 97 држави
-LiveSight ви открива што има околу вас преку екранот на камерата
-Допрете ги станиците за јавен превоз за брзо да го откриете списокот на достапни линии
-Организирајте ги омилените во групи, синхронизирајте ги низ телефонот и на here.com и имајте ги колекциите на дофат.
-Истражувајте трговски центри, транспортни станици и други места во 45 држави
-Променете на HERE Drive или HERE Transit со еден допир
-Откријте 25 топ места околу вас со еден допир
-За полесен пристап, прикачете ги LiveSight, местата, категориите и дестинациите на почетниот екран
LiveSight бара телефони на Windows Phone со компас