Името AccuWeather не беше избрано лесно. Бидејќи развивме можност за давање на најточните временски прогнози, исто така развивме бренд чие име „AccuWeather” ја пренесува пораката на нашиот најважен производ: точн�� временска прогноза. Како компанија, секој ден работиме напорно за да ја одржиме репутацијата на светски најдобар и најточен извор на информации за временската прогноза.
Секојдневно, повеќе од една и пол милијарда луѓе од целиот свет се потпираат на AccuWeather, апликација што им помага да си го планираат животот, да си ги заштитат деловните активности и да имаат поуспешен ден. AccuWeather обезбедува единствена временска прогноза на повеќе од 100 јазици и дијалекти со Superior Accuracy™ за сите места во светот – повеќе места отколку кој било владин или приватен извор на информации за временска прогноза.
AccuWeather ги обезбедува најновите вести поврзани со временската прогноза и информации, вклучувајќи уникатни и заштитени опции како што се AccuWeather MinuteCast®, временска прогноза за врнежи за секоја минута од следните два часа хипелокализирана за конкретната адреса или GPS локација. Оваа опција претставува 120-минутно резиме со нагласок на типот и интензитетот на врнежите, како и времето на почеток и крај за тоа кога врнежите ќе ја зафатат областа каде што се наоѓате. MinuteCast® е достапна за надворешниот појас на САД, Канада, Шведска, Данска, Обединетото Кралство, Ирска, Јапонија, Франција, Шпанија, Германија, Белгија, Андора, Норвешка, Финска, Естонија, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Гибралтар, Лихтенштајн и листа на места низ светот којашто постојано се зголемува.
Имајте ја на дланка најновата временска прогноза со информациите за времето на AccuWeather што ќе ви помогне да си го планирате денот. Содржината вклучува:
• Следење на моменталните временски услови
• Резиме и детали за временската прогноза
• Локални/краткорочни изгледи за прогноза
• Визуелизација на анимиран радар и сателит
• Видеа
• Повеќе
*Содржината зависи од локацијата.